ЗА НАС

здрави и вкусни начини за одржување на избалансирана исхрана и благосостојба на организмот

Натура е создадена од баланс на квалитетни, природни и внимателно избрани состојки, традиција и најсовремена технологија со цел да му понуди на современиот потрошувач избрани прехранбени производи во согласност со новите потреби за енергија и здрава исхрана. Брендот нуди здрави и вкусни начини за одржување на избалансирана исхрана и благосостојба на организмот.

За секоја пауза во текот на денот, еден Натура оброк е совршено избалансиран со растителни протеини, влакна и калории, за да му понуди на организмот она што му треба, со неверојатен вкус на вистинско овошје. Во движење, секој ден, секогаш кога ни е потребен 100 % природен оброк.

Производите се создадени со екстремна прецизност и страст од страна на семејната компанија, која го посветува целото внимание во создавање на едноставни, пријателски производи, различни од сите други индустриско стандардизирани. Целосното производство е во согласност со HACCP, HALAL и со ISO9001: 2008 QMS стандардите. Сите суровини и финални производи редовно се контролираат во овластени лаборатории за контрола на квалитет.

Макпрогрес Доо е успешна интернационална компанија, лоцирана во источниот дел на Македонија. Од мал семеен бизнис основан во 1990 година, Макпрогрес прерасна во еден од најголемите прехранбени компании на Балканот со над 750 вработени и со извоз во повеќе од 55 земји во светот. Макпрогрес е индустриска групација со силна општествена одговорност. Со цел придонесување кон одржливоста на општествениот развој, компанијата има активна соработка со локалната заедница, вработените и општеството во целина за овозможување на поквалитетен живот за сите.

Дознај повеќе