Опстипација и ленено семе
Ленот е Одличен омекнувач на столицата кој ја промовира добрата цревна флора.
Лененото семе има статус на супер храна која е признаена по бројните здравствени бенефити. Лигнаните кои ги содржи лененото семе му го даваат силното антиканцерогено дејство, штити од срцеви заболувања, мозочен удар и тромбоза. Ова лековито семе апсорбира некои состојки од храната, ги чисти цревата и истовремено го снабдува организмот со лецитин, кој го стимулира метаболизмот на мастите. Тоа е заради омега-3 масните киселини кои ја активираат работата на потните жлезди во телото, помагајќи во топењето на вишокот масти во организмот, и е идеален домашен препарат за слабеење.
„Симптомите на опстипација го засегаат 25% од населението“
Освен за губење на вишокот килограми, има одличен ефект за одржување на посакуваната телесна тежина. Препорачан е од многу нутриционисти, а корисен е и за луѓе кои патат од гастритис, чир на желудник, хроничен запек и хемороиди. Помага и за лечење на циститис и пиелонефритис. Исто така, лененото семе е познато како идеално решение за опстипација.
Симптомите на опстипација го засегаат 25% од населението, па решение за овој проблем може да се најде не само во фармацевтската индустрија туку и со внесување на некој прехранбени продукти како што е лененото семе.
Како ленот помага во решавање на проблемите при опстипација?
Здрава балансирана исхрана и редовно вежбање се важни навики за долгорочно подобрување на перисталтиката на цревата. Ленот е познат како еден од најдобрите начини за олеснување на запек со векови. Ленените семки содржат од 6 до 12 проценти слуз. Билниот лепак (Mucilage) е слузаво соединение кое има смирувачко и заштитно влијание на дигестивниот тракт.
Одличен омекнувач на столицата кој ја промовира добрата цревна флора.
Помага во намалување или елиминирање на потребата за храна и ја надополнува потребата на телото за добри масти и влакна. Консумација на ленено семе помага при намалување на иритација на стомакот, што е особено корисно за луѓето кои имаат иритабилен колон, дивертикули и други интестинални проблеми.
Освен за употреба во салати и смути, семките на ленот може да се измелат. Имајте на ум дека ако семето е мелено пред употреба, вие максимално ќе ги искористите придобивките од неговата консумација. Оваа препорака е таква бидејќи постои ризик скапоцените масти кои ги содржи да оксидираат.
„Препорачана количина на ленено семе за здрави лица се 1 до 2 мали лажички дневно“
Конечно, доколку го користите лененото семе како помош при опстипација треба да бидете сигурни дека пиете доволно вода.
Препорачани количини на ленено семе за здрави лица се 1 до 2 мали лажички дневно, а доколку сакате да ја подобрите работата на дигестивниот систем тогаш се препорачува 2-3 лажички ленено семе во текот на денот.
Корисен совет за побрз ефект: Потопете го лененото семе во течност ноќта пред да го користите и содржината испијте ја пред да јадете. На овој начин ќе постигнете побрз и подобар ефект и ќе ги решите проблемите со опстипација.
Хранливи вредности/калории:
- 100 g ленено семе = 534 калории;
- Масти: 42g (65% од препорачаната дневна доза);
- Заситени масти: 4g (18%);
- Транс масти: 0g;
- Холестерол: 0g;
- Сол: 30mg (1%);
- Јаглехидрати: 29g (10%);
- Влакна: 27g (109%);
- Шеќери: 2g;
- Протеини: 18g;
Најзастапени витамини и минерали:
- Витамин B1: 1.6mg (110%);
- Витамин B2: 0.2mg (9%);
- Витамин B3: 3.1mg (15%);
- Витамин B6: 0.5mg (24%);
- Витамин K: 4.3mcg (5%);
- Фолна Киселина: 87.0mcg (22%);
- Калциум: 255mg (26%);
- Железо: 5.7mg (32%);
- Магнезиум: 392mg (98%);
- Фосфор: 642mg (64%);
- Калиум: 813mg (23%);
- Цинк: 4.3mg (29%);
- Бакар: 1.2mg (61%);
- Манган: 2.5mg (124%);
- Селен: 25.4mcg (36%).