Најдобри растителни извори на омега 3
Зошто омега 3 масните киселини се важни за организмот
Исхраната е најважниот фактор за одржување на добро здравје, затоа таа не треба да биде само вкусна, туку и квалитетна, осносно да има голема нутритивна вредност. Омега масните кисленини штитат од срцеви заболувања, ги намалуваат триглицеридите, го намалуваат крвниот притисок, многу се важни за функцијата и развојот на мозокот, помагаат при ревматична болка и се смета дека исхраната богата со омега 3 штити од депресија.
Омега 3 масните кисленини се есенцијални масти и постојат дури 11 различни видови, од кои најпознати се три. ALA се растителни извори на омега 3, додека останатите два вида можат да се најдат кај храната со животинско потекло (најмногу кај мастна риба како лосос). ALA се наоѓа во растителните масла, ленено семе, јаткасти плодови, семиња, најмногу кај оревите и зеленчук со темни лисја.
„Постојат дури 11 различни видови на Омега 3 масните кисленини“
Јаткасти плодови
Јаткастите плодови се најдобар природен извор на незаситени масни киселини односно омега 3 масни киселини. Бадемите содржат мононезаситени маснотии коишто позитивно дејствуваат врз намалувањето на холестеролот, а редовното јадење ореви го намалува „лошиот“ холестерол во крвта. Заради својот состав на хранливи влакна, витамини и фолна киселина, лешниците ја подобруваат работата на срцето.
Ленено семе
Лененото семе е уште еден одличен растителен извор на омега 3, го намалува високиот холестерол и штити од срцеви заболувања. Познато е и тоа дека лененото семе спречува воспаленија. Лененото семе го смирува воспалението на слузокожата на устата, желудникот и цревата. Се препорачува да се користи свежо сомелено, со цел најдобро да се искористат лековитите својства.
Чиа семе
Дали сте знаеле дека чиа семето има дури 8 пати повеќе омега-3 од лососот? Една од причините зошто чиа семето е „супер“ храна, е податокот дека освен големото присуство на омега-3, содржи и омега-9 (10%) и омега-6 (20%). Според најнови истражувања, омега масните киселини имаат најдобар ефект кога се земаат во комбинација 3-6-9.
Семиња
Разните видови семиња во комбинација, односно микс на семки од тиква и сончоглед, сусам и ленено семе, не се само популарни здрави грицки, туку тие претставуваат богатство од здрави масти, односно омега 3 масни киселини.