Неколку совети за одржување нормално ниво на шеќер во крвта

Неколку совети за одржување нормално ниво на шеќер во крвта

Храна која го одржува нивото на шеќер во крвта

Шеќерот е потребен за за функционирањето на човечкиот организам, тој е извор на енергија на клетките. Шеќерот е постојано присутен во крвта, а неговото ниво варира во зависност од тоа дали се мери пред или после јадење. Кај здрави лица, нивото на шеќер во крвта се движи од 3,85 mmol/l до 7.8 mmol/l. Она што треба да се знае е дека шеќерот сам по себе не предизвикува дијебетес, туку секојдневното внесување на големи количини шеќер може да резултира со нарушување на лачењето на хормонот инсулин. Дијабетесот денес се вбројува меѓу најчестите ендокринолошки заболувања, со тенденција на зголемен пораст, како последица од модерниот и брз начин на живот, особено со зголемување на бројот на луѓе со зголемена телесна тежина.

 

На што треба да се внимава

 

Да се внимава на внесувањето на шеќер

 

Не е само важно да се внимава да не се јаде многу благо, туку треба да се знае и кој производи содржат скриен шеќер. На пример, дали сте знаеле дека кечапот содржи многу шеќер? Затоа, внимателно читајте го составот на состојките и продуктите што ги консумирате.

 

Да се одржува нормална телесна тежина

Одржувањето на телесната тежина треба да биде комбинација од правилна исхрана и активен живот. Правилната исхрана значи избор на здрави продукти и избирање на храна со помал гликемиски индекс (ГИ). Внесување на храна со висок ГИ (бел леб, производи од бело брашно, шеќер, слатки) нагло го зголемуваат нивото на шеќер во крвта што води кон зголемено лачење на инсулин и како резултат на тоа се случува пад на глукозата во крвта и зголемена потреба за повторно внесување на нешто благо. На овој начин, ваквата храна дебелее и го нарушува здравјето, бидејќи многу шеќер може да

„Храната со низок ГИ побрзо ќе ве засити и подолго ќе се чувствувате сити“

доведе до наталожување на премногу енергија во форма на масти. Високото ниво на инсулин и резистенција кон него има улога врз развојот на повеќе болести како што се висок крвен притисок, дијабетес, покачен холестерол, триглицериди, хипогликемија, АДХД и коронарно заболување. Без разлика дали сте болни од некоја од наброените болести или едноставно сакате да задржите нормална тежина и добра психофизичка состојба, изберете храна со низок гликемиски индекс.

 

Зошто е важен степенот на ГИ?

 

Важно е да знаете кои намирници имаат висок, а кои низок гликемиски индекс. Храната со низок ГИ во текот на варењето побавно се разложува, со што побавно го подига нивото на гликоза во крвта и на тој начин помага во подолготрајно одржување на енергетското ниво. Храната со низок ГИ побрзо ќе ве засити и подолго ќе се чувствувате сити. Свежата, непреработена храна или онаа со мала термичка обработка е најздрава и со помал ГИ.

 

Јадете храна богата со протеини, растителни влакна и здрави масти

 

Храната богата со протеини се вари побавно и ве прави сити подолго време и не предизвикува нагло покачување на нивото на шеќер во крвта, поточно го стабилизира нивото на шеќер во крвта.

 

Протеини

 

Протеините го балансираат енергетското ниво во организмот, помагаат за побрзо слабеење, го намалуваат гладот, ја зголемуваат мускулната маса, корисни се за коските, го забрзуваат метаболизмот, го намалуваат крвниот притисок. Воедно, треба да се внимава и на видот на протеини што се внесува. На пример, преку месото, освен протеини, внесувате и повеќе заситени масти, со чија консумација се зголемува количината на холестеролот во крвта. Одлучете се за растителни извори на протеини како овес, интегрален ориз, јаткасти плодови и семиња.

 

Протеини за појадок

 

Појадокот е важен дел од одржување на балансот на шеќер во крвта, а протеините пак се клучни за овој баланс. Половина чаша овес содржи 4,6 грама несварлив скроб кој го подобрува метаболизмот. Несварливиот скроб делува како растворливи влакна коишто помагаат во намалувањето на холестеролот и стабилизирање на нивото на шеќер. Според „Индексот на ситост“ (систем на рангирање во однос на тоа колку долго ве држи сит одредена храна), создаден од австралиските истражувачи, овесот е храна број 1 при избор за појадок и на трето место на рангирање на сите видови на храна.

Здрави масти

„Комбинација од лен, сусам, сончоглед и семки од тиква е богат извор на здрави масти, со дневно препорачана доза е 1 до 2 големи лажици“

Здравите масти не дозволуваат нагли промени на нивото на шеќер. Јаткастите плодови се природен извор на незаситени масни киселини (омега 3 масни киселини) и овозможуваат одржување на здравјето на кардиоваскуларниот систем. Воедно, омега 3 масните киселини се од голема важност за развојот и функцијата на мозокот. Комбинацијата од лен, сусам, сончоглед и семки од тиква е богат извор на здрави масти. Семињата не само што ќе го зголемат квалитетот на храната, туку и значително ќе го подобрат вкусот на јадењето. Дневно препорачана доза е 1 до 2 големи лажици.

 

Растителни влакна

 

Лененото семе е богат извор на растворливи растителни влакна кои што овозможуваат регулирање на шеќерот во крвта и апетитот и заради нив, ќе се чувствувате сити и ќе ја зачувате енергијата подолго време во текот на денот. Интересен податок е дека чиа семето има 25 проценти има повеќе растителни влакна од лененото семе, па затоа и тоа нека биде дел од вашите оброци. Бадемите исто така содржат многу растителни влакна. Наместо за бел, одлучете се за интегрален ориз, бидејќи заради хранливите влакна кои што даваат чувство на ситост, ја одржува телесната тежина. Исто така, заради големата количина на диетални влакна, тој е поделотворен од белиот ориз при варење на храната.

 

Редовната физичка активност заедно со неколку промени во исхраната, како и квалитетен одмор и редовен сон можат значително да придонесат кон контролирање на шеќерот во крвта.