Дали корнфлексот е здрав појадок?

Дали корнфлексот е здрав појадок?

Корнфлексот е најпопуларниот појадок а појадокот е најважниот оброк во текот на денот

Pедовното појадување претставува здрава навика која треба да биде дел од сечиј утрински ритуал. Видот на појадокот најмногу зависи од енергетските дневни потреби. Доколку ви претстои обилен неделен ручек, доволно ви е само овошје. Ако планирате спортска активност, тогаш утринскиот оброк треба да биде пообилен, а доколку планирате да бидете изложени на голем физички напор тогаш може да подготвите англиски појадок кој најчесто се состои од јајца и колбаси. Добриот појадок вклучува јаглехидрати, млечни производи, протеини и овошје.

Корнфлексот претставува производ добиен од пченка кој содржи протеини, скроб, минерали и ја подобрува работата на цревата. Заради многуте различни вкусови како и заради тоа дека може веднаш да се јаде, корнфлексот е многу популарен појадок, особено сакан од страна на децата. Пченкарните снегулки за прв пат ги откриле браќата Вил и Џон Келог од САД кон крајот на 19 век. Тие биле многу религиозни и сметале дека месото и зачинетата храна ја поттикнуваат сексуалната желба, додека лесниот оброк, како што е корнфлексот, го прочистува телото и умот. Исто така, тие сметале дека здравата исхрана е најважниот и најсигурен лек против заболувања и пореметувања.

„Пченкарните снегулки за прв пат ги откриле браќата Вил и Џон Келог од САД кон крајот на 19 век“

 

Дали корнфлексот е здрава опција за оброк

 

Постојат поделени мислења околу тоа дали корнфлексот е вистинскиот избор за појадок. Корнфлексот, муслите и овесните снегулки содржат многу малку калории, па се смета дека се вистинскиот избор за појадок доколку планирате да слабеете. Меѓутоа, иако содржат малку калории, овие житарици во својот состав содржат шеќери во вид на јачменов слад и гликозен сируп. Освен тоа, честа навика додека се јаде корнфлекс е дополнително да се додава шеќер или мед за подобрување на вкусот, што како долгорочна навика може да резултира со зголемување на телесната тежина.

Одговорот дали корнфлексот е здрав, најмногу зависи од изборот што ќе го направите. На пазарот постојат многу различни видови и брендови на корнфлекс, па така, доколку изберете Натура корнфлекс со идеална количина на хранливи материи, тогаш корнфлексот е идеална опција за појадок. Исто така, важни се и додатоците, а најздрава опција е додавањето на различни видови на свежо овошје, како и ореви, бадеми или лешници. Нутритивниот квалитет може да се подобри доколку се консумира со млеко со помалку маснотии. Заклучокот е дека порција корнфлекс, со внимателно одбрани додатоци и несмано млеко, претставува здрав избор за појадок кој ќе ве држи сити неколку часа.