Неколку работи што треба да ги знаете за чиа семето

Неколку работи што треба да ги знаете за чиа семето

Сигурно веќе знаете дека чиа се смета за „супер храна“ но дали сте знаеле дека содржи повеќе Омега-3 масни киселини од рибиното масло?

Последниве години доминира потрагата како и зголеменото консумирање на таканаречената „супер храна“. Меѓу продуктите означени како „супер храна“ спаѓа и чиа семето, кое се смета за едно од најздравите видови на храна. Потекнува од Гватемала и Мексико, и било омилена храна на Маите. Всушност, името „чиа“ потекнува од древниот јазик на Маите којшто означува „сила“. Значењето на името во целост го опишува дејството на чиа семето врз организмот – тоа се користи за зголемување на енергијата. Не содржи глутен и претставува вистинско богатство од омега масни киселини. Бидејќи содржат незаситени масни киселини, тие штитат од развивање на коронарни срцеви заболувања. Омега масните киселини имаат најдобар ефект кога се земаат во комбинација 3-6-9, отколку кога се земаат поединечно. Една од причините зошто чиа семето е супер храна, е податокот дека освен големото присуство на омега-3, содржи и омега-9 (10%) и омега-6 (20%).

 

Интересни факти за чиа семето изразени во броеви:

 

  • 8 пати има повеќе омега-3 од лососот;
  • 25 проценти има повеќе растителни влакна од лененото семе;
  • 30 проценти повеќе антиоксиданси од боровинките;
  • 2 пати повеќе калиум од бананите;
  • 6 пати повеќе калциум од млекото.

 

Идеален појадок

 

Одличен избор за појадок, доколку сакате појадок со малку јаглехидрати. Измешајте ¼ шолја чиа семе и ¾ млеко, кокосово млеко или бадемово. Оставете го да отстои преку ноќ во фрижидер, или 20 минути доколку немате време. Може да додадете рендано јаболко. Исто така, има неутрален вкус што значи дека може да се додаде во секој рецепт.

 

 

За нега на лице

 

Чиа семето е многу корисно за нега на кожата. Направете си домашна маска за лице со тоа што ќе измешате ½ шолја кокосово масло, 1 лажица лимонов сок и 2 лажици чиа семе.

 

За контролирање и намалување на телесната тежина

 

Една лажица чиа семе (околу 14 грама) содржи околу 70 калории, и скоро сите јаглехидрати што ги содржи се влакна. Влакната имаат значителен ефект за здравјето. Заради нивното присуство, чиа семето има голема моќ на апсорпција. Кога е во течност, апсорбира 10 до 12 пати од својата тежина и прави да се чувствувате сити долго време. Содржи многу протеини (20%) како и сите осум есенцијални аминокиселини. Протеините ги намалуваат апетитот и желбата за храна, што значи дека чиа семето е погодно доколку сакате да ослабете.

 

За здрави коски

 

Чиа семето има многу калциум, магнезиум, фосфор и протеин. Сите овие се важни за здравјето на коските.